20-годишна студентка по медицина од Индија ја понесе титулата Мис на светот
- Детали
- понеделник, 20 ноември 2017
На гламурозниот избор за „Мис на светот“ кој се одржа во Кина, титулата ја понесе 20-годишната Мануши Чилар од Индија.
Таа ги освои симпатиите на жирито со својата убавина, но докажа дека вистинските убавици немаат само убаво лице, туку и умна глава, со оглед на фактот што Мануши е идна докторка.
Исто така, е и професионална танчарка чија пасија се традиционалните индиски танци, а обожава и да слика.
Следејќи ги стапките на претходните победнички од својата матична држава, Пријанка Чопра и Ашварија Раи, Индија според бројот на добиени титули на изборот се изедначи со Венецуела. Двете најтрофејни држави имаат по 6 титули на светскиот избор за убавина.
Убавицата истакна дека победата ќе ја искористи за да отвори болници во рурални области, а на Твитер се заблагодари на поддршката, посветувајќи ѝ ја круната на својата земја, Индија.
https://twitter.com/ManushiChhillar/status/932457865272369152
Мануши беше крунисана од страна на минатогодишната победничка на изборот, Стефани Дел Вал од Порторико, со што финишираше 67-иот избор за Мис на светот.
Што мислите за најубавата девојка на светот?
(О)Милена | Црнобело