Туна Сејдиу сподели бајковити фотки со синот Тиан
- Детали
- петок, 17 ноември 2017
Пејачката не може да се насити од улогата на мајка и вели дека гледањето како Тиан расте ѝ е најпрекрасното искуство во животот.
Алтуна Сејдиу Туна периодов ужива во улогата на мајка. Албанската пејачка со својот партнер Патрис во месец мај станаа родители на малиот Тиан.
Грижата околу синот, не ја спречува Туна да води живот од соништата исполнет со луксузни патувања и парчиња во гардероберот од најпознатите светски модни брендови. Таа исто така ги следи светските трендови и кога се фотосесиите во прашање.
Фото: Шенол Зехри
Туна позираше речиси гола во поодмината бременост во стилот на Бијонсе, а деновиве ги изненади фановите со професионална фотосесија во када со нејзиниот син во прегратки. Фотографиите ги направи фотографот Норик Ука.
5-месечното бебе му даде нова смисла на нејзиниот живот, а таа не пропушта пригода да каже колку е возбудена поради новата улога што ја има.
Пејачката се обидува и да го крене јавното мислење на одредени теми, како што е доењето во јавност, па пред неколку месеци објави фотографија на која го дои Тиан. Инаку Туна се породи во една приватна скопска болница.
https://www.instagram.com/p/BWVe2ecDBKp/?hl=en&taken-by=tunasejdi
На својот Инстаграм профил Туна има 424.000 следбеници, а нејзините фотографии со семејството се вистински мелем за очи:
https://www.instagram.com/p/BUtiYDrDYz_/?hl=en&taken-by=tunasejdi
https://www.instagram.com/p/BVfquc3jRxb/?hl=en&taken-by=tunasejdi
https://www.instagram.com/p/BWIczGWjJ8y/?hl=en&taken-by=tunasejdi
С. С. | Црнобело