Адел го чепка носот, Бритни Спирс грицка нокти: Што прават славните кога никој не ги гледа?
- Детали
- четврток, 02 ноември 2017
Како и сите останати луѓе, така и славните личности имаат по некоја слабост од која не можат да се одвикнат.
Некој има навика да грицка нокти, друг да запали по некоја цигара иако не е пушач, а трети пак, имаат навика да појадуваат под туш.
Некои од работите кои славните ги прават кога никој не ги гледа се сосема нормални и очекувани, но мора да признаеме дека дел од нив имаат навистина чудни навики.
Погледнете кои се необичните тајни навики на овие 10 познати дами:
Мишел Вилијамс појадува под туш
Некој сака да појадува бавно и да ужива, некој пак дури и го пропушта или го јаде „на нога“. Но, актерката Мишел Вилијамс сака да прави чудни работи додека се тушира, како што е пиење кафе, миење заби и пиење смути.
Таа вели дека не мора да се појадува додека се седи на маса, вака се заштедува повеќе време.
Џесика Симпсон е фан на никотинските гуми за џвакање
„Фан сум на никотинските гуми за џвакање, иако никогаш не сум пушела цигари. Првиот пат кога пробав ми беа многу вкусни и интересни.“ – вели таа.
Ана Кендрик е колекционер на стари шампони
Сите имаат чудни начини на кои си создаваат спомени, а Ана го окрива нејзиниот: „Можеби е малку невкусно, но имам навика да ги собирам сите лосиони и шампони од филмовите кои ги снимам. Ова е обично евтина козметика од аптеки што ја купувам за време на снимањата и имам посебна кутија за нив. А, кога ќе ја отворам, мирисот кој се шири веднаш ме враќа на тој период.“
Криси Тајген ги лиже зачините од чипсот
Секоја жена има трикови со кои ја одржува фигурата, а истовремено не си ги скратува задоволствата. А, ова е трикот на Криси: „Јадам чипс вака – го вадам чипсот, ги лизнувам зачините од него и го враќам назад. Така го вкусувам чипсот, но немам плус калории.“
Кристен Стјуарт купува чевли со помал број
„Купував чевли со помал број, мислејќи дека изгледам подобро во нив. Се уверував дека носам 36.5, а всушност носев 38, па потоа морав да фрлам околу 50 пара чевли бидејќи сфатив дека се повредувам.“