Адел го чепка носот, Бритни Спирс грицка нокти: Што прават славните кога никој не ги гледа?
Адел си го чепка носот
Ова можеби е најискреното признание кое Адел го споделила: „Би сакала да се одвикнам од чепкањето на нос, ова е многу лоша навика.“
Гвинет Палтроу
Гвинет е позната по промовирањето на здрав начин на живот и на исхрана, но сепак има една необична навика: „Мојата тајна навика е 1 цигара неделно, во сабота вечер“ – признава актерката.
Џенифер Лоренс е фан на шоуто на Кардашијан
Ким исто така го потврдува ова и раскажува една случка: „Во хотел во Њујорк, налетав на Џенифер Лоренс, си кажавме здраво и јас влегов во лифтот. Кога вратите речиси се затворија, Џенифер одеднаш извика – Го сакам твоето шоу! Двете се смеевме за тоа долго време.“
Селена Гомез сака кисели краставички
„Обожавам кисели краставички. Опседната сум со нив до толку што кога гледам филм, земам пуканки и тегла кисели краставички.“
Бритни Спирс ги грицка ноктите
Ѕвездата сѐ уште тешко се справува со нејзината навика од детството да ги грицка ноктите, посебно кога е под стрес. Таа е толку зависна од тоа, што признава дека понекогаш се повредува и не може да си помогне.
М. М. | Црнобело