Дали Шакира и Жерар Пике навистина се разделуваат?
- Детали
- понеделник, 09 октомври 2017
Веќе неколку дена се шират гласини за разделбата на Шакира и фудбалерот на Барселона, Жерар Пике.
Гласините започнаа со фактот дека тие долго време не се видени заедно во јавност, па наводно нивната разделба била причина за избегнување на заедничко појавување.
Тие последен пат заедно се забележани на свадбата на Меси, а за веста најмногу шпекулираат шпанските медиуми кои тврдат дека имаат сигурни извори, блиски на парот, кои ја потврдуваат веста.
Наводно, Шакира била таа која решила да стави крај на врската и се иселила од заедничкиот дом во Барселона каде живееја со нивните две деца.
Сепак, по неколку дена веста е демантирана - парот не изјавил ништо официјално, но менаџерот на Шакира за магазинот HOLA изјавил: „Врската на Шакира и Жерар Пике е сѐ уште силна. Сѐ е исто.“
Во изјавата е додадено и дека оние кои сакаат да му наштетат на фудбалерот, само шират лажни гласини, а причината за тоа можеби е поврзана со моменталната ситуација со Каталонија.
М. М. | Црнобело