Фотки од свадбата на Меси и неговата љубов од детството, Антонела Рокуцо
- Детали
- понеделник, 03 јули 2017
Во петокот, ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, се ожени со неговата избраничка, Антонела Рокуцо, која ја познава од своја 5-годишна возраст.
Повеќе од 250 гости – пријатели и фамилија, вклучувајќи и некои од големите имиња во фудбалот, пристигнаа во Аргентина за да ја проследат гламурозната церемонија.
Парот го забранил користењето на мобилни телефони на нивната свадба, а 450 припадници на полицијата биле ангажирани за големиот ден.
Пресот постави црвен тепих на влезот на хотелот во Росарио, а гостите избираа дали сакаат да бидат фотографирани и интервјуирани, или ќе влезат од „подискретна“ страна.
На свадбата присуствуваа и поранешните соиграчи на Меси, меѓу кои Фабрегас, Карлес Пујол и Семјуел Ето.
Луис Суарез покажа дека се радува за свадбата на неговиот соиграч во Барселона. Жерар Пике и Нејмар исто така беа на листата на гости, а поранешниот менаџер, Жузеп Гвардиола, изгледа не бил поканет.
Неговиот соиграч во Барселона и во репрезентација, Хавиер Маскерано, исто така се појави, придружен од крилото на ПСЖ и Аргентина, Анхел Ди Марија.
За младоженецот, јасно ни е дека има одлични вештини кога се работи за фудбалот, но неговите танцувачки способности проценете ги сами во ова видео:
https://www.youtube.com/watch?v=Ql3_mytqL6Q
Парот има и 2 прекрасни дечиња, кои исто така присуствуваа на свадбата, а повеќе фотографии погледнете во галеријата:
М. М. | Црнобело