Алекс Родригез: „Ќерките ме гледаат како суперхерој затоа што сум со Џеј Ло“
- Детали
- среда, 04 октомври 2017
Иако Алекс Родригез има успешна бејзбол кариера, неговите ќерки очигледно му признаваат само еден успех – врската со Џеј Ло.
42-годишниот Алекс беше гостин во шоуто на Џими Кимел, кога откри дека неговите две ќерки Наташа и Ела го сметаат за суперхерој откако е со латино дивата.
„Ќерките мислат дека нивниот татко сега е херој. Мислат дека се во рајот. Сега се дружат со Џеј Ло во бекстејџ, играат и пеат со неа.“
Од друга страна открива дека Макс и Ема, дечињата на Џеј Ло, не се импресионирани од неговата кариера.
„Мислам дека децата на Џенифер, кои се прекрасни исто колку моите, се импресионира од тоа колку сум огромен. Мислам дека не виделе некој толку висок,“ се пошегува Алекс на сопствена сметка.
Делот од интервјуто каде Алекс раскажува за Џеј Ло:
М. Д. | Црнобело