Која е вистинската поврзаност помеѓу Мерилин Монро и Хју Хефнер?
- Детали
- среда, 04 октомври 2017
По смртта на Хју Хефнер, името на Мерилин Монро повторно почна многу да се споменува. Насловните од изданијата на Playboy нè потсетија на нејзината слава, а веста дека Хефнер е погребан до нејзиното почивалиште е исто така актуелна.
Но, која е всушност поврзаноста на Мерилин Монро и Хју Хефнер и од каде потекнува опседнатоста на Хју со познатата блондинка?
Сигурно ја знаете и имате изгледано многу фотографии од неа. Многу од нејзините слики денес се испишани со мисли и цитати кои ги кажала.
Таа била обична девојка која по некоја случајност била родена во иста година како и Хју Хефнер. Се омажила на 16 години за да избега од суровиот систем на згрижување на сираци во Америка.
Неколку години подоцна се обидела да навлезе во светот на манекенството и глумата. Се сликала гола за некој календар во Чикаго со цел да заработи пари за храна, a била платена само 50 долари.
Користела лажно име со цел да се дистанцира од сликите за кои цел живот се каела и изјавила:
„Не знам зошто, само сакав да се заштитам од тоа. Бев нервозна, посрамена и чувствував грижа за тоа што го направив, не сакав моето име да се појави ниту близу до тие слики.“
Неколку години подоцна, таа успеала да се пробие во светот на познатите актери. Во тој период Хефнер почнал да го гради својот бренд, а кога решил дека ќе почне да печати машко списание, Мерилин Монро била на почетокот на нејзината слава.
Хефнер ги откупил правата за сликите од календарот за 500 долари и без прашање или дозвола, Хефнер ја ставил Мерилин на насловна страна, а пишувало: „За првпат во било кое списание, ВО БОЈА, познатата Мерилин Монро гола”.
Списанието било продадено во 50.000 копии.
Кога ја прашале Мерилин што има да каже по објавувањето на списанието, таа кажала:
„Никогаш не добив ни едно благодарам од сите тие кои направија милиони од голите слики на Мерилин. Морав самата да купам списание за да можам да ги видам сликите.“
Мерилин почина на 36 години и не успеа да го издржи притисокот на популарната култура од која беше дел. Нејзиното име „заработи“ повеќе пари после нејзината смрт, а до ден денес насекаде постојат предмети кои го носат ликот и името на Мерилин.
Во 1992 година, гробното место до Мерилин било слободно. Хефнер го купил за него и се гордеел со фактот дека неговото тело засекогаш ќе почива до легендарната икона. Тој велел дека има нешто многу поетско во тој факт.
Хефнер и Мерилин никогаш не се запознале, тој никогаш во животот не изјавил желба да ја запознае, ниту пак некогаш ѝ кажал „здраво“.
М. М. | Црнобело