Хју Хефнер, легендарниот основач на Playboy почина на 91 година
- Детали
- четврток, 28 септември 2017
Основачот на магазинот Playboy, Хју Хефнер, почина на 91-годишна возраст.
Тој почина во средата од природна смрт во неговиот дом во Лос Анџелес, покрај своите блиски и сакани.
„Хју М. Хефнер, американската икона што во 1953-та година му го претстави на светот магазинот Playboy и изгради компанија која е една од најпознатите американски глобални брендови во историјата, почина мирно од природна смрт во неговиот дом, во палатата на Playboy, во присуство на неговите сакани“ – изјавија од Playboy Enterprises.
На официјалниот Твитер профил на Playboy е објавена слика од него и негов цитат, со која тие му оддадоа почит.
American Icon and Playboy Founder, Hugh M. Hefner passed away today. He was 91. #RIPHef pic.twitter.com/tCLa2iNXa4
— Playboy (@Playboy) September 28, 2017
Легендарната икона во неговиот живот беше венчан 3 пати и тврдеше дека спиел со повеќе од 1.000 жени.
Тој го живееше животот во целост и велеше дека никогаш нема да порасне, бидејќи младешкиот живот бил измислен за него.
Гробното место на Хју Хефнер се знаеше уште од 1992 година, кога тој плати 75.000 долари за да се осигура дека ќе биде закопан во Westwood Memorial Park во Лос Анџелес.
Неговата желба била да почива покрај гробот на Мерилин Монро, филмската икона која позираше за насловната на првото издание на Playboy.
Деталите околу погребот на Хефнер сè уште не се познати.
М. М. | Црнобело