Кога Ким Кардашијан ќе престане да се слика гола?
- Детали
- среда, 20 септември 2017
Откако знаеме за неа, знаеме и за нејзините облини. Но, најпознатата старлета во светот откри дека веќе размислува за пензија, барем кога е голотијата во прашање.
Секако, станува збор за кралицата на реалното шоу, Ким Кардашијан, која светска слава стекна преку домашното видео со поранешното момче, но и многубројните разголени фотографии, како во списанијата, така и на социјалните мрежи.
Денес, популарната Ким има 36 години. Таа е сопруга, мајка на две деца, а со раперот Канје Вест го очекуваат и новиот член на семејството. Третото дете ќе им го роди сурогат мајка.
Но, и покрај сѐ, ѕвездата не се откажува од соблекувањето.
А, неодамна, Ким откри и кога мисли да престане со голите фотографии, како и со облеката што повеќе открива, одошто сокрива.
„Не знам во кое животно доба би требало да се прекине со таквите фотографии, но мислам дека јас за 10 години веќе нема да го правам тоа. А, зошто не сега? Во моментов, телото ми е во најдобра форма, па штета би било тоа да не се искористи.“ – искрена е старлетата.
Призна и дека таа и сопругот веќе не си купуваат скапоцени подароци, по што беа познати, бидејќи сега обајцата се позрели и поприземни, па таквите дарови и не ги радуваат како порано.
За десетина години, разголената Ким ќе биде минато.
Прерано или предоцна - што велите вие?
М. А. | Црнобело