Ким Кардашијан и Канје Вест се одлучиле за трето дете, но од сурогат мајка
- Детали
- среда, 21 јуни 2017
Семејството Вест се шири! Според непознати извори, Ким и Канје наводно најмиле сурогат мајка.
Тие одамна одлучија дека сакаат уште едно дете, дури и откако докторите ја предупредија Ким дека уште една бременост може да биде ризична за нејзиното здравје.
Парот сега има 2 деца, 4-годишната ќерка Норт и 18-месечниот син Сент.
„Едноставно не сакам ништо повеќе од тоа моето семејство да се прошири и ако од некоја причина го напуштам светот порано, ќе знам дека моите деца се заедно и имаат поддршка, па добро ќе го прифатат тоа што не сум тука.“ – изјави таа во шоуто.
Таа се обиде да направи сѐ што е можно за да може да остане трудна повторно ако сака, но безуспешно.
„Не можам да останам повторно бремена и тоа е најлошото нешто.“ – кажува 36-годишната ѕвезда.
Ким почнала да размислува за сурогат мајка откако двајца доктори ѝ кажале дека не е безбедно повторно да забремени.
„Се помирив дека не можам да родам уште едно дете. Па сега го истражувам сурогатството.“ – се отвори таа пред нејзината мајка во шоуто.
Клое Кардашијан и Криси Тајген претходно се понудиле да бидат сурогат мајки. „Би била сурогат уште во истата секунда. Jас навистина уживав во бременоста. Го обожавам целиот процес.“ – изјавила Криси.
М. М. | Црнобело