Фустанче со принт и бели патики: Селена Гомез во тренди кежуал издание (фото)
- Детали
- среда, 06 септември 2017
Понекогаш и Селена Гомез сака да одмори од рефлекторите и тоните шминка во едноставно и лежерно издание.
Селена Гомез (25) деновиве беше уловена во шик спортско издание додека одеше на ручек во еден локал во Њујорк.
Пејачката и актерка овој пат патуваше без својата посилна половина. 27-годишниот музичар The Weeknd не ја придружуваше убавата бринета.
Селена се одлучи за фустан со принт со длабоко деколте и шлиц. Минималистичкиот, младешки изглед го надополни со бели патики.
Таа се потруди да се скрие од љубопитните погледи на фановите со големи црни очила за сонце. Минималната шминка и високиот кок беа совршено надополнување на стајлингот.
С. С. | Црнобело