Анџелина Џоли се враќа на глумата по 1 година пауза од кариерата
- Детали
- вторник, 05 септември 2017
Aнџелина Џоли е подготвена да се врати на актерството откако им пружила на децата доволно поддршка во пребродувањето на тешката семејна ситуација.
42-годишната актерка се раздели од сопругот Бред Пит и си зема одмор од кариерата бидејќи морала да биде дома, како што вели таа.
Но, оскаровката сега гледа нови можности за повторно да се врати на снимањето и додаде дека нејзиниот следен проект може да биде продолжението на хитот од 2014-та, филмот Maleficent.
Џоли еден период се пронајде во режисерството, но сега очигледно нема инспирација.
„Моментално немам ништо што посебно ме влече да го изрежирам, па затоа ќе се вратам малку на глумата. Си земав одмор повеќе од 1 година поради мојата семејна ситуација, за да се грижам за децата. Кога ќе почувствувам дека е време да се вратам на работа, ќе се вратам. Досега бев потребна дома. Се надевам дека ќе работам повторно во месеците кои доаѓаат.“ – изјави актерката.
Анџелина се надева дека враќањето ќе биде со Maleficent и дека добро ќе се забавува, а снимањето ќе започне на крајот на годината.
Таа исто така додава дека можеби ќе глуми и во Cleopatra: „Има сценарио за филмот. Има многу проекти, но сѐ уште не сум се одлучила со сигурност.“
Џоли неодамна се отвори за разводот со Пит, а имаше и гласини дека тие не планираат да се разведат.
Не знаеме што ќе се случи со нив, но очекуваме да ја видиме Анџелина повторно на филмското платно.
М. М. | Црнобело