„Сам ќе бидам посреќен“ - Џон Леџенд неуспешно пробал да ѝ раскине на Криси Тајген
- Детали
- вторник, 05 септември 2017
Џон Леџенд и Криси Тајген се често пример за среќен и заљубен пар за чиј однос многумина сонуваат.
Но, пејачот открива дека тој еднаш сакал да раскине со моделот, а таа не му дозволила.
Тие почнаа да се гледаат речиси пред 10 години и иако се многу среќни заедно, тој во стресен период сакал да ја прекине врската.
За среќа, работите се средиле веднаш по сериозен разговор од половина час со Криси која не сакала да го дозволи тоа.
„Бев многу зафатен и под стрес. Ѝ кажав дека ќе бидам посреќен ако сум сингл во тој период, а таа не дозволуваше да се случи тоа.“ - изјавил пејачот.
Џон заслугата ѝ ја дава на неговата сегашна сопруга за тоа што го инспирирала да сака да биде похрабар.
Тој во едно интервју изјавил: „Таа ме тера да бидам позабавен, не буквално, туку нејзиното присуство ме тера на тоа. И да бидам похрабар.“
Инаку тие се запознаа на снимање на видео спот на Џон, а тој уште се сеќава на секој момент.
Двајцата ја надминале кризата и сега продолжуваат да се поддржуваат во сѐ со што се соочуваат, а целосно се фокусирани на нивната ќеркичка.
М. М. | Црнобело