Џорџ и Амал Клуни елегантни на романтична вечера во Венеција
- Детали
- петок, 01 септември 2017
Амал и Џорџ Клуни во четвртокот излегоа во Венеција, местото каде што се венчаа во септември, 2014.
Тие се забележани во елегантна комбинација како излегуваат од нивниот хотел и одат на романтична вечера со такси на вода.
Прекрасната Амал беше облечена во вечерен фустан без прерамки со интересни и впечатливи исечоци и детали.
Таа ја покажа нејзината совршена фигура која одлично ја одржува и по раѓањето на близнаците.
Со полуфатена коса и едноставна шминка, Амал изгледа неверојатно за вечерата со нејзиниот сопруг кој се одлучил за темно одело и кошула.
Клуни, како и очекувано, е вистински џентлмен и е постојано со неговата сопруга, помагајќи ѝ да излезе од бротчето.
Тој неодамна зборуваше за татковството и за сите обврски кои се очекуваат од него, но и покрај тоа, парот секогаш наоѓа време за негување на својата љубов.
Погледнете ги фотките:
М. М. | Црнобело