Ким Кардашијан целосно ја ископира Џеки Кенеди за насловна на „Interview“
- Детали
- вторник, 29 август 2017
Ким Кардашијан е научена да ги исполнува насловните страници сама и најчесто гола, но овојпат за септемвриското издание на Interview, таа позираше со нејзината 4-годишна ќерка, Норт.
Сепак, она што е уште почудно е тоа што таа изгледа како никогаш досега – облечена и средена како една од најлегендарните први дами на САД.
Таа за фотосесијата целосно го ископирала стилот на Џеки Кенеди, со фризура од '60-тите, бисери и ракавици, а магазинот дури и стави наслов „America’s New First Lady“ (Новата прва дама на Америка).
https://twitter.com/KimKardashian/status/902178016268189696/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.harpersbazaar.com%2Fcelebrity%2Flatest%2Fa12106199%2Fkim-kardashain-new-first-lady-photo%2F
https://twitter.com/KimKardashian/status/902179400526962690/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.harpersbazaar.com%2Fcelebrity%2Flatest%2Fa12106199%2Fkim-kardashain-new-first-lady-photo%2F
Таа го започнала интервјуто зборувајќи за Норт:
„Постојано си споделуваме работи на шоуто. Очигледно сум малку повеќе заштитнички поставена кон мојата ќерка бидејќи тоа секогаш беше борба – Дали треба да ја има на шоуто? Имаме строги правила кога станува збор за децата. Во некои сезони нив воопшто и ги нема. Верувале или не, таа живее многу нормален живот.“
Фотографиите кај твитерџиите предизвикаа негативни коментари, но имаше и некои на кои им се допаѓа идејата.
https://twitter.com/MacLeodMary/status/902178897848127488?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.harpersbazaar.com%2Fcelebrity%2Flatest%2Fa12106199%2Fkim-kardashain-new-first-lady-photo%2F
https://twitter.com/sara__not_sarah/status/902180190100623360?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.harpersbazaar.com%2Fcelebrity%2Flatest%2Fa12106199%2Fkim-kardashain-new-first-lady-photo%2F
OMFG THIS IS SO CUUUUUTE
— Lex (@Khlocaine_) August 28, 2017
Погледнете ја целата фотосесија и проценете сами:
М. М. | Црнобело