Блејк Лајвли и Рајан Рејнлодс со двете ќерки на аеродром во Торонто (фото)
- Детали
- вторник, 29 август 2017
Овој холивудски пар направи родителството да изгледа како песна.
Блејк и Рајан во саботата беа забележани на аеродром во Торонто заедно со нивните две малечки ќерки, Џејмс и Инес.
Згодниот актер ја носеше во раце постарата ќерка Инес, а помалечката уживаше во рацете на нејзината мајка.
Инаку, Блејк во петокот го прослави својот 30-ти роденден, па Рајан минатата недела дојде во Торонто каде што таа го снима филмот „A Simple Favor“ за да бидат заедно.
Сега парот очигледно оди кон Ванкувер заедно со своите деца, каде Рајан продолжува со снимање на „Deadpool 2“.
Погледнете како изгледа прекрасното семејство кое ретко може да се види во јавност:
М. М. | Црнобело