7 актери кои по неуспехот повторно заблескаа
- Детали
- недела, 10 септември 2017
Славата е непостојана работа – еден ден ја имате, а веќе другиот може да исчезне.
Многу ѕвезди ја имаат уништено својата кариера, со оглед на тоа што е доволен само еден чекор за да се стигне до дното.
Но, има и такви кои успеале да се издигнат и повторно да заблескаат.
Ова се тие силни ѕвезди кои со помош на упорноста и талентот се вратиле на својата слава.
Бен Афлек
Тој имаше многу подеми и падови. Во доцните ’90-ти беше на врвот на кариерата и доби „Оскар“ за Good Will Hunting, а веќе во 2000-ите паѓа надолу и зема „Златна малина“ за најлош актер. Во 2015-та, тој повторно ја враќа репутацијата.
Анџелина Џоли
Уморот и нервозата по разделувањето со Бред Пит си го направија своето со оглед на тоа што остана самохрана мајка на 6 деца. 2016-та остана единствената година кога актерката не беше активна на филмското платно.
Таа помина низ период за кој се велеше дека има само 40 килограми, но новите фотографии покажуваат дека изгледа подобро, а изгледа дека има и неколку нови проекти на кои работи.
Винс Вон
Тој почна да глуми во ’80-ите, а Jurassic Park и уште неколку филмови му донесоа голема слава. Во 2000-те веќе сите го преместија во комедии и никој не му даваше сериозни улоги.
Во 2015-та конечно доби улога во серијата True Detective, благодарение на која неговата популарност значително се зголеми.
Рене Зелвегер
Шармантната актерка стана симбол за сите сингл жени кога се појави Bridget Jones и имаше илјадници обожаватели. Во 2014-та, таа ги изненади сите со нејзиниот изглед кој ги вознемири фановите.
За снимањето на третиот дел, Рене мораше да го поправи нејзиниот целосен изглед. Таа одлично се справи со тоа и ја доби повторно љубовта на фановите.
Алек Болдвин
Тој долго време важеше за згоден дечко во кој сите девојки лесно се вљубуваа. Но, времето не штеди никого, па многу брзо тој се претвори од млад дечко во дедо со седа коса и стомаче.
За ова време тој имаше стагнација, иако глумеше во филмови, но ништо посебно за фалење. Актерот си ја врати популарноста по серијата 30 Rock, за која доби многу престижни награди и зелено светло за понатамошни добри улоги.
Мел Гибсон
Актерот иако се здоби со добра репутација со драмата Braveheart, сепак не беше секогаш активен. На брилијантниот Гибсон често му се губеше трагот поради проблемите со медиумите. Во 2000-те тој исто така имаше проблеми со алкохолот и даде груби изјави на религиозни теми, па беше критикуван од публиката.
Во тој период сите мислеа дека кариерата за оваа ѕвезда никогаш нема да биде каква што беше во ’90-ите, но во 2017-та тој повторно предизвика восхит и покажа талент, а тоа се докажа со номинацијата за Оскар и Златен глобус.
Меколи Калкин
Ако за некој не очекувавме дека ќе му се врати популарноста и ќе успее да се искачи нагоре од дното, тоа беше овој актер. За него се зборуваа многу лоши работи, а беше поврзан со алкохол, дрога и напади за самоубиство.
Тој неочекувано се појави со свеж изглед и мора да признаеме дека изгледа одлично за улогата во Changeland, која веројатно ќе му донесе голем успех. Стискаме палци!
М. М. | Црнобело