Првпат по 20 години, возачот на принцезата Дијана зборува за кобната несреќа (видео)
- Детали
- петок, 11 август 2017
Колин Тебут, кој бил еден од најдоверливите асистенти околу принцезата Дијана, за првпат во интервју раскажа што точно правел тој за време и по несреќата во Париз.
Колин вели дека посакува тој да возел ноќта кога принцезата загина во сообраќајка.
„Сметам дека возилото се движеше премногу брзо, што се утврди и во истрагата, знам, бидејќи сум го возел тој тунел.“
Веднаш по несреќата влегол во болничката соба на принцезата и почнал да реди ќебиња по прозорците за луѓето да не можат да гледаат што се случува внатре.
„Земав повеќе вентилатори за да ја оладам собата. Како што се свртев, забележав дека косата и трепките на принцезата се движеа од феновите и тоа ме преплаши.“
Целото интервју погледнете го во продолжение:
М. Д. | Црнобело