Моден погодок: Кејт Мидлтон во цветно бело фустанче на Вимблдон (фото)
- Детали
- понеделник, 17 јули 2017
Бела боја плус цветен дезен, зарем има подобар избор за овие топли летни денови?!
Војвотката од Кембриџ оваа година беше надмината од нејзиното семејство во појавувањата на Вимблдон. Нејзината мајка Керол досега на првенството се појави петпати, а нејзината сестра Пипа четири.
За разлика од нив Кејт Мидлтон сега ја гледаме по втор пат, откако присуствуваше на отворањето.
За оваа пригода таа одбра совршен летен стајлинг. Кејт се појави во кусо бело фустанче со впечатлив цветен дезен на долниот дел и го надополни со бела чанта од колекцијата на Викторија Бекам.
Кејт внимателно го следеше мечот на Роџер Федерер и неговата борба за рекордна осма Вимблдон титула:
С. С. | Црнобело