6-те минималистички тетоважи на Кајли Џенер
- Детали
- сабота, 08 јули 2017
Кога Кајли Џенер носи нешто на себе, многу е веројатно дека уште следниот ден илјадници луѓе ќе го следат истиот тренд. Сакале или не, таа е најголемиот трендсетер на денешницата. Така, секој нов додаток врз неа за неколку секунди станува познат на широката јавност. Иако можеби незнаете дека вашата пријателка има нова тевоважа, веќе сигурно сте прочитале некаде за тетоважите на Кајли Џенер.
Кајли и нејзините пријатели модели имаат многу индискретни тетоважи, што тешко се забележуваат но сепак изгледаат прекрасно. Независно колку се мали тетоважите на нејзиното тело мора да признаете дека изгледаат како вистинска уметност.
Како и да е, еве ги шесте мали тетоважи на Кајли Џенер и нивното значење:
1. Буквата “m”, направена заедно со нејзината најдобра пријателка Џордин Вудс
Никој не знае што значи и што им претставува буквата м, но знаеме дека е нешто навистина важно за нивното пријателство. Не би ни знаеле дека всушност тоа е буквата m, ако не прочитаме некаде онлајн.
2. Името на нејзината баба со ракописот од нејзиниот дедо
Мери Џо е името на нејзината баба која сигурно сте ја забележале, затоа што редовно се појавува во познатото реално шоу на семејствотот Кардашијан. Кајли исто така го има ставено нејзиното име и на еден од кармините кои ги продава.
3. Пеперутки направени заедно со нејзиното момче Тревис Скот
Неодамна, Кајли дебитираше уште една мала тетоважа на нејзиниот десен глужд. Кајли и нејзиното момче Тревис Скот излегоа заедно од салонот за тетоважи со идентични тетоважи. Се верува дека пеперутката е поврзана со песната на Тревис Скот “Butterfly Effect.”
4. Мало црвено срце
Ако едно нешто научивме до сега, тоа е дека Кајли обожава премногу ситни тетоважи и црвената боја. Ова е една од нејзините први тетоважи.
5. Зборот “sanity” напишан фонетски.
Никој не знае што и значи овој збор на Кајли во животот.
6. Нејзината “T” тетоважа за нејзиното момче Тајга, која неодамна ја промени во “LA”
Додека папараците ја следеле низ Лондон со нејзиното ново момче, забележале дека на нејзиниот лев глужд стојат буквите la, на местото каде претходно ја имаше истетовирано првата буква од името на нејзиното поранешно момче Тајга.
А. В. | Црнобело