Што појадуваат моделите за да немаат вишок килограми?
- Детали
- вторник, 27 јуни 2017
Работата на моделите бара од нив постојано да се грижат и да го одржуваат своето тело во одлична форма.
Многу луѓе мислат дека за да го постигнат тоа, овие прекрасни девојки се постојано на строги диети и јадат само растенија и пијат вода.
Но, не е така. И тие имаат нормален оброк кој го практикуваат за појадок, а ние ви откриваме што најпознатите модели појадуваат и колку калории содржи оброкот.
Џиџи Хадид
Леб, јајца и млеко, се дел од секојдневниот појадок кој таа го има, а за да се ослободи од вишокот калории, практикува бокс.
Кендис Сванапул
Таа верува дека ако појадокот е добар, нема да има потреба од дополнителни меѓуоброци и грицки во текот на денот.
Миранда Кер
Таа го започнува денот со чаша топла вода и сок од лимон. Сепак, таа смета дека за да се одржи линијата, треба да се вежба.
Карли Клос
Покрај исхраната, нејзината тајна е во тоа што таа секој ден го менува типот на вежбање. Сепак, омилени ѝ се класичните танци.
Нина Агдал
Освен тоа што внесува многу малку калории за појадок, другото тајно оружје на оваа убавица е нејзиниот интензивен тренинг со елементи на војнички вежби.