Зошто Кијану Ривс на сите фотки делува замислен и тажен?
- Детали
- петок, 16 јуни 2017
Кијану Ривс има малку поинаква приказна од другите холивудски актери. Живее скромно, не во луксузот од парите кои ги заработува и тешка судбина заради која постојат многу озборувања.
Едно нешто знаеме, тој е прекрасен посветен актер и неверојатна личност.
А, ова се неколку приказни од неговиот живот:
1. Имал тешко детство и живеел во проблематично семејство. Ттако му го напуштил кога имал само 3 години, а подоцна бил притворен за продавање на дрога. Неговата мајка прво се преселила во Австралија, потоа во САД и Канада и сменила неколку сопрузи. Кијану често менувал училишта,а дури се борел и со дислексија. Како дете сонувал да биде хокеј играч, но сонот завршил кога добил повреда.
2. Неговата сакана Џенифер Саим починала во сообраќајна несреќа,а кратко пред тоа изгубила и дете. Кијану никогаш после неа немал сериозна врска.
3. Неговиот најдобар пријател, Ривер Феникс починал од предозирање.
4. Неговата помлада сестра имала леукемија, па подоцна, поголемиот дел од парите кои ги заработил од филмот Матрикс ги донирал за болните од леукемија и за нејзиното лекување
5. Ривс не се плаши да се вози со јавен превоз како и секој друг „обичен“ човек.
6. Еднаш двајца кои отпатувале до Лос Анџелес за холивудскиот знак случајно налетале на Кијану кој во тој момент возел велосипед и слушал метал музика и побарале од него да им покаже каде има такси.
7. Тој вели дека фотографиите од него не го прикажуваат реално, бидејќи е прилично среќна личност. Но, колку тоа е вистина?
8. Роденденот еднаш си го прославил само со кафе и мафин покрај себе.
Н. Г. | Црнобело