Какво значење имаат имињата кои Џорџ и Амал Клуни им ги дадоа на близнаците?
- Детали
- среда, 07 јуни 2017
Џорџ и Амал Клуни официјално станаа родители на близнаците Ела и Александар. А, оние заинтересираните, веднаш започнаа да гуглаат околу тоа како и зошто се одбрани токму овие имиња.
Ела и Александар се истовремено и популарни и класични имиња, па не е чудно што токму за нив се одлучиле Амал и Клуни.
Ела било 16-то најпопуларно име во Америка во 2016-та година. Почнало да се популаризира во 2002-ра и 2003-та, а врвот го достигнало во 2012-та кога било на 12-то место на листата на најпопуларни имиња.
Александар, исто така, е доста популарно име. Во 2016-та било на 11-то место, а во 2009-та било и на 4-то место.
Според интернет страната BabyCenter, Ела е англиско име, кратеница од Еленор и Елен и значи „светлина“ или „прекрасна магична жена“.
Ова име го имаат и ќерките на Бен Стилер, Џон Траволта и Алекс Родригез.
Александар значи „бранител на луѓето“.
Инаку, близнаците се родија во болницата „Chelsea and Westminster“, во луксузниот оддел „Kensington Wing“, каде цената на соба и 24-часовна индивидуална услуга достигнува и до 8.520 фунти, односно 9.760 евра.
Како изгледаат приватните соби каде престојуваше и Амал Клуни?
Н. Г. | Црнобело