Што јаде Пипа Мидлтон за да ја одржи линијата?
- Детали
- вторник, 23 мај 2017
Пипа Мидлтон е во своевидна сенка на својата сестра Кејт, но сепак во ниту една ситуација не поминува незабележана.
Нејзината витка линија е нешто кое доаѓа до израз во секоја пригода а за тоа како таа се грижи себе, Пипа изјавува:
„Се обидувам да јадам интегрална храна со заситени јаглехидрати, и практикувам три оброци на ден. Исто така ги балансирам моите оброци во однос на нивото на тренингот кој го практикувам. Користам многу ориз, леќа и сладок компир, а за појадок тост од `ржан леб“.
Триесет и две годишната Пипа неодамна успешно ја заврши ски крос кантри трката, долга 33 километри, а претходно учествуваше и на пливачки маратон. Својата исхрана постојано ја прилагодува на овие предизвици.
„Јас не сум загрижена за мојата линија, и уживам во храната, но една недела пред некој настан практикувам здрава храна за зачувување на енергијата“.
„Пораснав со верување дека доброто здравје се одржува со умереност во сите нешта. Потребно е да се направи баланс помеѓу исхраната и вежбањето, но понекогаш и чоколадото и чипсот во мали количини не би требало да имаат негативен ефект.
Знам дека вежбањето 3-5 пати неделно, од 30 минутни сесии, или еден час пешачење ќе ми ја зголеми енергијата и расположението и ќе ми помогне да спијам подобро“.
За разлика од многу други познати личности Пипа не практикува ригорозни диети.
„Никогаш не практикувам строги диети кои ја ограничуваат храната седум дена во неделата, но верувам во правење на здрави избори“.
М. С. | Црнобело