Mеста каде Кардашијанс не се добредојдени
- Детали
- понеделник, 15 мај 2017
Семејството Кардашијан владее со социјалните мрежи и медиуми, но тоа не значи дека можат слободно да се движат каде ќе посакаат во светот.
Заради своето ријалити шоу тие имаат забранет пристап во одредени земји и места.
Еве точно каде:
„Хемптонс“
Хемптонс долго време е главно место за одморање на богатите и славните од Њујорк, но тоа повеќе не важи за семејството Кардашијан. На нивните соседи не им се допаѓала идејата да се снима ријалити шоу во оваа населба.
„Саут Бич“, Мајами
Како и на Хемптон, така тие не смеат да го снимаат своето ријалити шоу и во Саут Бич.
Програмите на Андерсон Купер
Андерсон Купер е еден од најпочитуваните новинари во Америка, а Клое Кардашијан е огромен фан, но тоа не значи дека може да пристапи до неговите шоуа.
Непознат ресторан во Аргентина
Забавите по повод доделувањето на Оскари на студиото „Raleigh“
За ова виновна е Крис која на една забава на студиото се однесувала многу непристојно, па целото семејство повеќе не е покането.
Met Gala
Се чини дека семејството нема да може да биде дел од Met Gala откако Ана Винтур, уредничката на Вог оваа година (2017) изјавила дека ги презира и воопшто не се модерни.
Поточно, се чини дека најмногу ја презира Ким.
Белата куќа
Ким порано се обидела да соработува со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, но била одбиена.
„Soho House“
Soho House е елитен клуб за луѓето кои се дел од „креативната индустрија“, но не за семејството Кардашијан.
Модното шоу на „Victoria’s Secret“, додека Кендал шета по пистата
Кендал забранила на своите сестри да ја бодрат на модното шоу на „Victoria’s Secret“.
На свадбата на сопствената сестра
Клое сподели со Џејмс Корден дека нивната сестра Ким им забранила да прават здравица и да зборуваат на денот на нејзината венчавка.
Н. Г. | Црнобело