„Омажи се за него“ - Славниот готвач Гордон Ремзи конечно даде комплимент за туѓ рецепт
- Детали
- среда, 10 мај 2017
Обожавателите на Твитер се во неверување откако Гордон Ремзи даде пофалба за подготвен оброк од страна на извесен аматер-готвач.
Тој е познат по својот незгоден карактер и лошите зборови и навреди кои не ги штеди кога станува збор за карактеризирање и оценување на храната.
Бриџит од Бока Ратон прикачила слика од последното јадење кое го зготвил нејзиниот свршеник прашувајќи го за мислење славниот шеф Ремзи, на кое тој кусо одговорил: „Омажи се за него!“
Тоа несомнено е огромен комплимент кога станува збор за Гордон Ремзи, бидејќи историјата покажува како неговите коментари без „влакна на јазикот“ се движат од – „Ми се гади додека го гледам јадењето“ и „Повраќаница од тиквички“.
Бриџит сепак нема потреба за грижа, бидејќи се заблагодарила на позитивниот одговор и му реплицирала дека ќе се омажи за оној кој го подготвил јадењето.
Сепак, другите дочекаа поинаков суд и оценки за нивните јадења:
(О)Милена | Црнобело