Џони Деп подмладен со нов имиџ, но не ги поправа расипаните заби – Трансформацијата на актерот по бурниот развод (фото)
- Детали
- вторник, 16 април 2024
Џони Деп го смени имиџот и изгледа барем десет години помладо во споредба со пред неколку месеци, но расипаните, пожолтени заби се детаљ што им „влезе во око“ на фановите.
По бурниот развод со Амбер Херд, не е ни чудно што изгледот не му беше приоритет на Џони Деп.
Додека траеше судењето, но и извесен период потоа, актерот честопати изгледаше запуштено, со несредена коса и брада, „истрошена“ облека, а и одеднаш почна да изгледа многу постаро.
Актерот наскоро ќе полни 61 година и нормално е да не изгледа како во младоста, но пред да почнат проблемите со Амбер, дефинитивно изгледаше младолико.
Сепак, се чини дека се вратил во форма и, со новиот имиџ, фановите се согласуваат дека изгледа барем десет години помладо.
Во февруари годинава, Џони Деп беше фотографиран во Италија каде што режираше нов филм.
На фотките изгледа како да не обрнувал многу внимание на облеката што ја носи, косата му е разбушавена и навистина изгледа постаро.
Но, на неговото последно појавување е како друга личност.
Во понеделникот (15.04), актерот присуствуваше на филмска премиера во Лондон и се појави во елегантен црн костум, во комбинација со сив капут.
Се ослободил од вишокот килограми, а и ги средил косата и брадата.
Според пријатели на актерот, тој веќе извесен период живее во Лондон, а градот навистина му годи.
„Живееше во Лондон додека работеше на филмот и води многу подобар живот отколку порано“.
Во меѓувреме, тој потпишал и договор за кампања со Dior, што наводно дополнително го мотивирало да води подобра грижа за себе.
Сепак, актерот се најде на мета на критики за еден детаљ – неговите заби.
На фотките од премиерата очигледно е дека неговите заби се пожолтени и расипани.
Ова не е првпат актерот да биде исмејуван за насмевката – пред околу една година на Канскиот филмски фестивал, забите на актерот повторно беа тема на разговор на социјалните мрежи.
Тој, пак, и самиот има изјавено дека има многу расипани зби.
„Имам многу заби со кариес. Имав многу расипан заб кој не ми го доправија. Но, ми се допаѓа овој изглед.
Исто како индијанците кога прават некоја рачна изработка, намерно додаваат нешто несовршено“.
Тој вели и дека е горд што долните заби му се криви:
„Кога гледам луѓе со совршени заби, се нервирам. Подобро би голтнал бубачка, отколку да имам такви заби“.
Џони Деп на Канскиот филмски фестивал во 2023-та
Спирова С. | Црнобело