Бијонсе не е прва - Славни личности кои се родители на близнаци
- Детали
- сабота, 13 мај 2017
Веста дека Бијонсе е бремена со близнаци одекна толку силно што дел од луѓето мораа да потенцираат дека таа сепак не е првата жена која носи или ќе донесе 2 бебиња на светот истовремено.
Голем дел од славните личности на кои очигледно сме подзаборавиле веќе имаат родено близнаци, па оттука не ја разбираме фамата која настана околу бременоста на славната пејачка.
Да се потсетиме кои славни дами имаа близнаци пред Бијонсе:
Џулија Робертс
На 28 ноември 2004 година Џулија и сопругот Дени Модер им посакаа добре дојде на близнаците Хејзел и Финиус.
Џенифер Лопез
На 22 февруари 2008 година Џенифер со тогашниот сопруг Марк Ентони го роди близнаците Максимилијан и Ема.
Анџелина Џоли
Покрај многуте посвоени деца, Анџелина Џоли и Бред Пит имаат и биолошки близнаци. Нокс и Вивиен го дочекаа светлото на денот на 12 јули, 2008 година.
Сара Џесика Паркер
Двете ќеркички-близнаци на Сара и Метју Бродерик се дојдени на светот со помош на сурогат-мајка, бидејќи ѕвездата на „Сексот и градот“ имала проблем со доносување на бебињата претходно. Мерион и Табата се родени во јуни 2009 година.
Селин Дион
На 23 октомври 2010 година Селин роди две момчиња – Еди и Нелсон, чиј татко е сега веќе покојниот сопруг Рене Анџели.
Мараја Кери
Синчето Марокан и ќеркичката Монро се родија на 30 април во 2011 година, а Мараја и тогашниот сопруг Ник Кенон не можеа да ја сокријат радоста.
Елса Патаки
Сопругата на „Тор“, односно Крис Хемсворт се породи на 18 март, 2014 година, а нивното семејство се збогати уште за 2 момчиња – Тристан и Саша.
Зои Салдана
Заедно со сопругот Марко Перего, Салдана ги донесе на свет близначињата Боуви и Сај на 8 декември, 2014 година.
(O)Милена | Црнобело