5 славни мажи кои не се плашеа да го земат презимето на своите сопруги
- Детали
- вторник, 25 април 2017
Вистинското име на раперот Џеј Зи гласи: Шон Ноулс Картер. Кој би рекол? Тој е само еден од низата храбри мажи кои решија да ѝ пркосат на традицијата и да го земат презимето на идната сопруга. Бидејќи еднаквоста е важна. И тие го препознаа тоа.
Овој гест е за поздрав и им аплаудираме на следниве пет храбри мажи:
Џеј Зи – Шон Ноулс Картер
Веќе споменавме дека раперот го додаде презимето на Бијонсе кога се венчаа во 2008 година, затоа што во семејството на Бијонсе нема синови кои ќе го носат презимето. Бијонсе пак го додаде неговото презиме на своето станувајќи Бијонсе Ноулс Картер.
Џек Гилис – Џек Вајт
Многумина шпекулираа дека дуото кое го сочинуваше бендот „The White Stripes“ се всушност брат и сестра, но Џек и Мег се венчале во далечната 1996 година кога тој решил законски да го промени презимето, односно да го земе она на Мег. Па така од Џек Гилис тој станал Џек Вајт.
Марко Перего – Марко Салдана
Зои Салдана се омажи тајно во јуни, 2013 година во Лондон. Две години подоцна во едно интервју таа откри дека го додала презимето на сопругот, додека италијанецот го земал нејзиното.
Карлос Пења – Карлос Вега
Актерот Карлос Пења и ѕвездата на серијалот „Spy Kids“ Алекса Вега едноставно решиле да ги спојат двете презимиња во едно, без никаква цртичка и забуна. Тие се семејството ПењаВега.
Џон Ленон – Џон Оно Ленон
Пејачот на Битлси го додаде презимето на својата сопруга кога се венчаа во 1969 година. „Таа го промени презимето за мене, јас го променив моето за неа. Таа има прстен, јас имам прстен“, изјавил славниот Ленон за додавањето на новото презиме.
Дали вие мажи би го додале презимето на својата сопруга?
(О)Милена | Црнобело