Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Два дена после контроверзната реклама на Pepsi - Кендал пробува да ги смири критиките (фото)

Кендал Џенер реши да ја смири разгневената публика со враќање во минатото, односно споделување на фотографија кога таа била мала.

kakva-kontroverzna-reklama-kendal-dzener-reshi-da-ja-smiri-publikata-so-fotka-od-minatoto-01.jpg

21-годишниот модел сè уште јавно не коментирал за контроверзната реклама откако беше критикувана што воопшто решила да се појави во неа и на еден начин да се исмева на Лешија Еванс и на движењето „И животот на црните значи“.

На еден начин како да реши да го игнорира проблемот и продолжи понатаму, како ништо да не се случило.

На својата официјална страна сподели стара фотографија каде е заедно со својата сестра, а истата ја надополнила со зборовите: „Исти плетенки со Кај. Не можам на ништо да се присетам околу оваа фотографија, ама сеедно, ја обожавам - боите на неа се толку живи.“

„Се чини како Кај и јас да се возиме на рингишпил, а судејќи според плетенките или сме на одмор или сме се вратиле од одмор.“ - додава.

kakva-kontroverzna-reklama-kendal-dzener-reshi-da-ja-smiri-publikata-so-fotka-od-minatoto-1.jpg

Инаку рекламата во која се појави откако беше критикувана, дури и од ќерката на Мартин Лутер Кинг, беше повлечена, а од Pepsi јавно се извинија дури и на Кендал што ја ставиле  во таква позиција.

Претходно Кендал јавно коментираше дека е пресреќна што ќе се појави во кампања на Pepsi: „Возбудена сум што ќе се приклучам на легендарната компанија која има собрано многу икони кои ги прикажуваат своите генерации, а сега и јас ќе имам можност да ја прикажам денешната генерација“.

kakva-kontroverzna-reklama-kendal-dzener-reshi-da-ja-smiri-publikata-so-fotka-od-minatoto-2.jpg

„За мене Pepsi е повеќе од само пијалак. Претставува дел од поп културата“ - додаде.

Но, после негативните коментари Кендал брзо избриша сè што беше поврзано со рекламата и останува јавно да коментира.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg