Некој ќе добие отказ: Pepsi ја повлече рекламата со Кендал, бидејќи „ја промашиле поентата“
- Детали
- четврток, 06 април 2017
После негативните коментари и критиките, Pepsi се извини и ја повлече контроверзната реклама со Кендал Џенер.
„Pepsi се обиде да прикаже глобална порака за единство, мир и разбирање“ - изјавија од брендот.
„Очигледно ја утнавме поентата и се извинуваме. Не мислевме да се пошегуваме со било какви сериозни теми. Ја отстрануваме содржината. Се извинуваме што ја ставивме Кендал Џенер во оваа позиција“.
Компанијата која произведува газиран пијалак го објави ова 2 и пол минутно видео кое беше креирано од Creators League Studio, а реакциите се појавија уште првите неколку минути од објавата.
Како тоа ќе влијае на вработените кои биле одговорни за оваа рекламна кампања? Сè уште не се знае.
https://www.youtube.com/watch?v=dA5Yq1DLSmQ
Н. Г. | Црнобело