Зошто сите ја критикуваат Кендал Џенер за рекламата на Pepsi?
- Детали
- среда, 05 април 2017
Кендал Џенер влезе во чевлите на Синди Крафорд како главно лице на реклама на Pepsi.
Сцената? Мирен протест преполн со млади луѓе кои одат покрај Кендал, а кога одеднаш здогледува згоден полицаец решава да се вклучи во протестот и да му даде лименка Pepsi.
Зошто? Бидејќи една лименка може да нè спои сите.
После рекламата на крајот дефинитивно ќе ожедните, но истата не беше позитивно прифатена на социјалните мрежи.
Коментарите одат во главно против Кендал која според корисниците, не треба да се споредува со големи жени кои направиле нешто за соединување на нациите, расите и половите.
Според многумина таа го злоупотреби моментот кога Лешија Еванс застана пред тешко вооружени полицајци за време на демонстрациите „И животот на црните значи“.
Од компанијата пак, велат дека „рекламата има за цел да ги спои младите луѓе и да прикаже што точно се случува денес со младината, односно како изгледа животот кој го живееме моментално“.
https://www.youtube.com/watch?v=dA5Yq1DLSmQ
Н. Г. | Црнобело