Ѕвезди кои на најдобар начин возвратиле на критиките

Ѕвездите не се само обожавани од своите фанови, туку доста често се и омразени. Покрај пофалбите и славењето, тие исто така добиваат и критики и негативни коментари кои знаат да ги повредат.

slavni-koi-na-najdobar-nacin-go-vozvratile-udarot-na-kritikuvacite-01.jpg

Но, на истите, тие имаат генијален одговор со кој го возвраќаат ударот:

Кара Делевињ

На Твитер откако објавила: „На пат сум да направам нешто неверојатно возбудливо и многу сум нервозна“, некој решил да возврати со коментар: „Со надеж дека си на интервју за вистинска работа. Изгледот ќе ти избледе Кара. Не можеш да заработуваш од веѓите цел живот“.

На тоа, Кара возвратила: „Ќе зажалиш за тоа што го кажа. Се обидувам да направам нешто добро и на ниту еден начин истото не се врзува со мојот изглед. Ти си само уште еден жеден маж кој мисли дека само изгледот е важен“.

slavni-koi-na-najdobar-nacin-go-vozvratile-udarot-na-kritikuvacite-1.jpg

https://twitter.com/Caradelevingne/status/817799116675612672

Кајли Џенер

Најелегантниот одговор кој ќе го најдете на Твитер. Откако некој ја нарекол „14-годишна проститутка“, таа возвратила: „Се чувствувам како 19-годишна проститутка.“.

slavni-koi-na-najdobar-nacin-go-vozvratile-udarot-na-kritikuvacite-2.jpg

Ким Кардашијан

Откако изјави дека ѝ дозволува на Норт сама да одбира бои и материјали за својата облека, некој решил да ѝ коментира за начинот на кој го воспитува своето дете. На тоа Ким возвратила: Барем ја развива креативноста и поминува време со нејзиниот татко, а потоа продолжила: „Можеби ако поминуваш помалку време во мразење на другите ќе научиш да се сакаш себеси. Животот е прекрасен. Биди среќен и благословен, со цела моја искреност.“.

slavni-koi-na-najdobar-nacin-go-vozvratile-udarot-na-kritikuvacite-3.jpg

Џиџи Хадид

Откако некој коментирал дека ослабела за да може да стане дел од модната индустрија таа возвратила: „Го сакав моето тело на 17, а и сега го сакам. Твојот коментар нема да ме повреди, ама следен пат, те молам помисли на младите девојки кои ќе прочитаат вакво судење на изгледот и самите ќе почнат да го судат својот изглед.“.

slavni-koi-na-najdobar-nacin-go-vozvratile-udarot-na-kritikuvacite-4.jpg

https://twitter.com/GigiHadidsNews/status/765041984859844609?ref_src=twsrc%5Etfw

Серена Вилијамс

Откако ја победи својата сестра на U.S. Open на прашањето: „Најчесто се смееш кога ќе победиш. Што е сега ова? Дали вака се однесуваш затоа што ја победи Винус?“, таа одговорила со: „Искрено не сакам да бидам овде. Преморена сум, сакам да бидам во кревет и утре ме чека тренинг. Не сакам да одговорам на твоите глупави прашања.“

slavni-koi-na-najdobar-nacin-go-vozvratile-udarot-na-kritikuvacite-5.jpg

Зендаја

Сè започна откако еден корисник на Твитер реши да објави фотографија каде таа е со нејзините родители и да коментира: „Премногу е убава за да биде нивна ќерка“. Таа возврати: „Прво, ќе се молам за тебе. Додека си загрижен за изгледот на моите родители, те молам имај на ум дека тоа се две најнесебични личности кои не се грижат околу такви тривијални коментари кои навредуваат други, туку се учители кои го посветиле својот живот на учење, култивирање и исполнување на младите умови со корисни работи. Те молам, одлогирај се, оди на училиште, прегрни учител и прочитај некоја книга...“.

slavni-koi-na-najdobar-nacin-go-vozvratile-udarot-na-kritikuvacite-6.jpg

Хајди Клум

Во едно интервју Доналд Трамп реши да коментира дека Клум повеќе не е чиста десетка. Таа реши да објави видео на Твитер со хаштаговите: #TrumpHasSpoken #sadly #9.99 #NoLongerA10 #IHadAGoodRun #donaldtrump #HeidiTrumpsTrump #BeautyIsInTheEyeOfTheBeheld

slavni-koi-na-najdobar-nacin-go-vozvratile-udarot-na-kritikuvacite-7.jpg

Мелиса Мекарти

Филмски критичар решил да го критикува нејзиниот изглед во „Tammy“, а Мекарти решила јавно да му пријде и да го праша: „Ако еден ден твојата ќерка се врати дома и ти каже дека не добила работа затоа што е непривлечна, дали ќе ѝ кажеш, така е грда си?“. Критичарот одговорил: „Не, не би сакал тоа да се случи.“. „Имај на ум дека со вакви коментари негативно влијаеш на милиони млади девојки кои не се сигурни околу својот изглед“ - заклучила Мекарти.

slavni-koi-na-najdobar-nacin-go-vozvratile-udarot-na-kritikuvacite-8.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg