Веќе не е Селена Гомез: Која е највлијателната личност на социјалните мрежи?
- Детали
- среда, 05 април 2017
Селена Гомез можеби има Инстаграм профил кој го следат најмногу луѓе, но таа не е највлијателната славна личност на оваа платформа.
Според D'Marie Analytics, највлијателната славна личност на Инстаграм е Бијонсе. Само една нејзина објава чини над 1 милион долари.
Поточно, таа е првата личност чија објава надмината вредност над 1 милион долари, а Селена Гомез досега најмногу што заработила од објава е 775.000 долари.
Исто така, од компанијата велат дека влијателноста на Бијонсе значително пораснала по објавата за нејзината бременост, кој многу брзо стана најлајкуваната објава на Инстаграм. Со тоа ја тргна Селена Гомез од тронот.
Н. Г. | Црнобело