Северина падна на сцена
- Детали
- понеделник, 03 мај 2010
Поп ѕвездата Северина доживеа незгода за време на својот настап во шаторот на фестивалот на пивото на една од сплитските плажи. Како што...
...пренесуваат хрватските медии, Северина скокајќи во чизмите со потпетица висока 12cm, незгодно нагазнала и паднала.
Го повредила коленото и концертот го завршила пеејќи на столица.
Наредното утро заедно со менаџерот Томислав Петровиќ заминала во приватна сплитска поликлиника за преглед.
"Докторот и кажа дека не се работи за ништо сериозно. Во понеделник ќе замине на уште една контрола", изјавил менаџерот на Севе.
Тој додал дека и покрај повредата, сите работни настапи на хрватската поп ѕвезда нема да бидат откажани.