Славни парови кои ги бие глас дека веруваат во „отворена врска“
- Детали
- среда, 15 март 2017
Моногамијата не е за сите, посебно ако си славен и имаш многу пари, контакти и отворени опции. Или барем така веруваат повеќето.
За некои ѕвезди отворената врска, па дури и брак е сосема нормална работа, односно ги бие глас дека потајно уживаат во својата слобода без оглед на статусот кој се знае во јавноста.
Ова е целосната листа:
Крис Мартин и Гвинет Полтроу
Парот беше во брак 10 години, а потоа реши свесно да се раздели. Филозофијата на Полтроу е дека и двајцата се возрасни и може да прават сопствени избори, без да го засегаат другиот. До ден денес истакнува дека е најважно парот сам да открие што е најдобро за него.
Анџелина Џоли и Бред Пит
Џоли има малку поразлични гледања од останатите, па можеби тоа била причината за разводот кој предизвика бум во јавноста. Таа отворено зборуваше дека никој не е заврзан во нивната врска. Рестрикциите не доаѓале во предвид, бидејќи таа секогаш ја одбирала слободата, а смета дека верноста е право на избор.
Робин Тике и Паола Патон
Пред да се разделат, ги биеше глас дека имале давале прилично непристојни понуди до трети лица да им се придружат во нивната интимност.
Џеј Зи и Бијонсе
Многубројните шпекулации за аферите на Џеј Зи и разводите, сите ги тераат да мислат дека сепак на Бијонсе не ѝ пречи недостатокот на моногамија во бракот.
Џастин Тимбрлејк и Џесика Бил
Парот бил во отворена врска, пред Бил да изрази желба да се смири и конечно да одлучат дека работите ќе останат само меѓу нив двајца.
Ким Кардашијан и Ник Канон
Пред многу години, кога Ким и Ник беа во кратка љубовна врска, сите озборуваа како Ким ги трпи останатите девојки на Ник само заради материјалните добра.
Кортни Кардашијан и Скот Дисик
Нема човек кој не ја знае оваа комплицирана љубовна врска. Од 2006-та година па до денес Кортни и Скот се во отворена врска, но не по желба на Кортни. Никогаш не стапиле во брак, а од неодамна Скот бурно изјави дека е зависник од секс.
М. Д. | Црнобело