7 ситуации во кои славните дами не требало, а сепак облекле високи штикли
- Детали
- вторник, 14 март 2017
Дамите од јавниот живот се навикнати да носат високи потпетици во секакви прилики и сите можни услови. Сепак, овие седум грешки ретко кој би се осудил да ги повтори, па и тие самите.
Дури ни највештите жени-вљубенички во штиклите не би требало да ја стават на тест својата рамнотежа, впуштајќи се во невозможна мисија, како што е одењето по песок, трева или мраз во чевли на висока потпетица.
Дел од славните се обидоа, но направија кикс.
Во продолжение, ви ги откриваме седумте зачудувачки ситуации во кои познатите дами од светот на музиката, филмот и кралските кругови, не требало, а сепак облекле високи штикли:
1. Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се обиде да игра хокеј на трева во чизми на висока потпетица.
2. Иако е строго забрането, Иванка Трамп играше голф во штикли.
3. Кајли Џенер заборави дека е невозможно да оди по песочна плажа со штикли.
4. Среде зима и на мраз, актерката Кери Расел се прошета со отворени чевли на висока потпетица.
5. Без обѕир на отечените нозе, Ким Кардашијан не се откажа од високите потпетици, дури ни во доцната фаза од бременоста.
6. Соланж беше една од ретките што на фестивалот Коачела се има појавено во штикли.
7. Дотерана и во штикли, Аманда Сејфрид си го шеташе кучето низ маало.
М. А. | Црнобело