Зошто Ема Стоун го одбрала името „Ема“ за нејзино сценско име?
- Детали
- понеделник, 06 март 2017
Дали знаете дека вистинското име на Ема Стоун не е „Ема“? Токму така, нејзиното вистинско име е Емили Скот.
Кога имала само 16 години, SAG (Screen Actors Guild) ѝ кажеле дека не може да го користи своето оригинално име, ако сака да биде актерка, заради австралискиот модел, диџеј и продуцент на албуми, Емили Скот.
„Кога имав само 16 години, открив дека SAG не можат да го користат моето име“ - изјави Ема за списанието W.
„Па, да прашате 16-годишно девојче да одбере друго име, не е лесна работа. Ама, тогаш одма решив да се викам Рајли. Сакав моето име да биде Рајли“ - додава таа.
„6 месеци подоцна добив улога во „Malcolm In The Middle“. Кога првпат чув некој како довикува Рајли! Рајли!, а јас немав никаква претстава дека всушност мене ме викаат, знаев дека морам да го сменам името. Едноставно знаев дека не можам да се викам Рајли“ - објаснува понатаму.
Тогаш се одлучила на уште една опција, по која ја познаваме...
„Имав шанса да бидам Емили Џи Стоун, како Мајкл Џи Фокс, личност која ја обожавам, ама сепак, знаев дека нема да ми одговара тоа Џи и решив наместо Емили, да се викам Ема. Близу се едното и другото, плус оние кои ми се најблиски секогаш ме викаат Ем“ - заклучува Стоун.
Уште 40 други работи кои не сте ги знаеле за неа, можете да ги прочитате на следниот ЛИНК.
Н. Г. | Црнобело