Родена е како русокоса: 40 работи кои никогаш не сте ги знаеле за Ема Стоун
- Детали
- вторник, 31 јануари 2017
Како за почеток, дали сте знаеле дека нејзиното вистинско име всушност не е Ема? Токму така. Но подолу ќе откриеме како навистина се вика...
40 факти кои сигурно не сте ги знаеле за Ема Стоун:
1. Нејзиното вистинско име е Емили Жан Стоун, ама морала да го промени, бидејќи веќе било зафатено на SAG.
2. Се мислела помеѓу Рајли и Емили Џеј, ама на крајот се одлучила за Ема.
3. Порасната е во Скотсдејл, Аризона и започнала да глуми во градскиот театар уште од 11 години.
4. Природно е русокоса, ама продуцентот на „Superbad“ ѝ предложил да ја обои косата црвена додека го снимаат филмот.
5. Креирала интернет страни бесплатно затоа што сакала да научи HTML.
6. Еднаш пишувала онлајн билтен наречен „Neptune“ за тинејџерки.
7. Порасната е како Лутеранка.
8. Првиот настап го имала за Денот на благодарноста за мјузикл нареќен „No Turkey for Perky“ кога имала само 6 години.
9. Носела протези цели 7 години.
10. Нејзина прва работа била печење на кучешки колачиња во пекара за кучиња.
11. Живеела со анксиозност и панични напади кога била мала, па се инспирирала да ја напише книгата „I Am Bigger Than My Anxiety“.
12. Си го цицала палецот додека не наполнила 11 години.
13. Кога била во средно училиште направила PowerPoint презентација именувана како „Project Hollywood“ за да ги убеди своите родители дека треба да биде актерка.
14. Пред да стане позната, ја имаа пеено песната „Bitch“ со Мередит Брукс на реалити шоу за VH1.
15. Била образувана дома, цели 2 години.
16. Кога имала 12 години се пријавила на аудиција за шоу на Nickelodeon, „All That“ за кое требала да смисли неколку ликови. Таа одбрала да игра улога на навивачка која не знае да спелува и опседната дадилка.
17. Нејзини помалку познати улоги се во „Medium“ и „Malcolm in the Middle“.
18. Еднаш ги искршила двете раце додека вежбала гимнастика како дете.
19. Типичниот глас смета дека го добила како мала заради силните болки во стомакот и плачењето од кое добила јазли во грлото уште пред да почне да зборува.
20. Била дел од неуспешна серија, „Drive“ која била емитувана само со 4 епизоди, а веднаш потоа се појавува „Superbad“.
21. Ако не станела актерка, таа најверојатно ќе била новинар, бидејќи како што самата вели: „Новинарството е иста идеја, ги разгледувате луѓето и се обидувате да разберат зошто ги прават работите кои ги прават“.
22. Како мала учела знаковен јазик.
23. Еднаш го посетила домот на Пол Макартни заедно со Вуди Харелсон (актерот со кој заедно глуми во „Zombieland“). Од него добиле вегетаријански бургери.
24. Има иста тетоважа како нејзината мајка, стапалки од птици, бидејќи нивната омилена песна е „Blackbird“.
25. Дајан Китон, Лорн Мајклс и Том Хенкс - пред сите нив се расплакала.
26. Се пријавила на аудиција за „Heroes“, ама улогата ја добила Хејден Панетијер. Тоа е едно од најголемите разочарувања кои ги доживеала за време на нејзината работа во Холивуд.
27. Била во преговори да глуми во филмот „Crimson Peak“ на Гилјермо дел Торо пред Миа Васиковска да биде одбрана.
28. Еднаш на сцена свирела на тамбурина со Принц. Си го пресекла стапалото на стакло претходно и на сцена настапувала со крваво стапало.
29. „Huff“ е нејзината омилена ТВ серија, а „High the Roof Beam, Carpenters“ од Селинџер ѝ е омилена книга.
30. Го избришала Фејбук профилот затоа што станала зависна од FarmVille.
31. За нејзината аудиција за „Easy A“ требала да сними монолог пред камера и да го испрати онлајн. Снимила неколку верзии, а нејзината пријателка на крајот ѝ рекла без мислење да испрати една.
32. За време на снимањето на секс сцена за „Easy A“ имала асматичен напад заради која морале да најдат боца со кислород.
33. Фан е на Спајс Грлс, а посебно ја сака Мелани Браун.
34. Најдобра пријателка е со Џенифер Лоренс, Марта Маклсак и Шугар Лин, заедно патуваат и гледаат филмови.
35. Нејзиниот омилен дел од снимањето на „Zombieland“ било што можела сè да кржи, вклучувајќи и стакло од продавница која ја посетиле.
36. „La La Land“ не е првиот филм во кој таа пее. Таа исто така ги пее и „I Know What Boys Like“ во The House Bunny и „Knock On Wood“ во Easy A.
37. Своето дебитирање на Бродвеј го имала за враќањето на „Cabaret“ од 2014-та до 2015-та година.
38. Ема и Рајан Гослинг заедно се појавуваат во три филмови: „Crazy, Stupid, Love“, „Gangster Squad“ и „La La Land“.
39. Најдобриот совет кој некогаш го добила: „остани верна на себе и биди упорна во пронаоѓањето на начини како да се манифестираш себе во најточната форма“.
40. Убедена е дека нејзиниот починат дедо кој никогаш не го запознала, сè уште живее во нејзиниот дом.
Н. Г. | Црнобело