Зошто Ема Вотсон никогаш не се фотографира со фановите и го крие момчето?
- Детали
- четврток, 02 март 2017
Како Џастин Бибер пред неа, така сега, и Ема Вотсон одбива да се фотографира заедно со нејзините фанови. Но, за разлика од него, таа има легитимна причина зошто го прави тоа.
Неодамна таа во интервју откри:
За мене постои разлика меѓу тоа да имаш живот и не. Ако некој направи фотографија од мене или со мене и ја објави, во само 2 секунди успеал да креира маркер за следење кој открива точно каде сум со прецизност од 10-ина метри. Плус, другите можат да видат што носам и со кого сум.
Потоа продолжи да објаснува:
Едноставно не сакам да се откриваат такви податоци за мене. Можам да седам и да ви одговорам на секое можно прашање за Хари Потер, ама нема да се фотографирам.
Разбирливо, причината поради која не сака да се фотографира со своите фанови е за да ја заштити својата приватност.
На истото интервју таа откри и зошто толку го крие своето момче:
Сакам да бидам конзистентна. Не можам да зборувам за моето момче во интервју и потоа да очекувам дека луѓето нема да нè следат на секој чекор, а папараците да демнат пред мојот дом.
Но, таа знае и да отстапи од нејзините прави, за децата:
Внимателно морам да ги одбирам моите моменти на интеракција. Кога сум само ѕвезда, а кога можам да некого да му ја разубавам целата недела? На пример, на децата никогаш не им велам не.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





