Tајните на вереничкиот прстен на принцезата Дијана
- Детали
- четврток, 19 јануари 2017
Еден од најубавите веренички прстени е оној кој принцот Чарлс ѝ го дал на Дијана Спенсер на почетокот од 1981-та година.
Набрзо потоа, таа стана принцезата Дијана, а тој прстен е еден од нејзините најпрепознатливи симболи.
3 необични факти за прстенот:
1. Дијана сама си го одбрала вереничкиот прстен
Службената веридба меѓу принцот Чарлс и Дијана беше објавена на 24-ти февруари 1981-та година.
Пред тоа Дијана сама си го одбрала својот прстен кој се состои од 12-каратен сафир и е опкружен со 14 дијаманти.
Прстенот е дело на продавницата за накит „Garrard“ - тогаш чинел 28.000 фунти што приближно околу 108.000 фунти денес.
2. Прстенот го наследи принцот Хари
По смртта на принцезата Дијана во 1997-та година, Вилијам го земал за спомен часовникот на неговата мајка, а принцот Хари прстенот.
Но, сега припаѓа на војвотката од Кембриџ со кој принцот Вилијам лично ја запроси.
3. Има само еден оригинален примерок
36 години како прстенот не е реплициран, а од компанијата за накит велат дека нема ни да се обидат да го направат уште еднаш.
Н. Г. | Црнобело