Кејт Мидлтон со омилената тијара на принцезата Дијана за дипломатски прием
- Детали
- петок, 09 декември 2016
Војвотката од Кембриџ, за првпат после долго време стави дијамантска тијара на себе за Дипломатскиот прием во Бакингемската палата.
Кејт заблеска покрај кралицата и останатите високи членови на нејзиното семејство, позирајќи за многу уникатна фотографија.
Историската фотографија од „прекрасните шест“, која ги вклучува монархот и нејзиниот сопруг, војводата од Единбург, нејзиниот директен наследник, принцот Чарлс со неговата сопруга, војвотката од Корнвол, и, се разбира, војводата и војвотката од Кембриџ, беше направена во Бакингемската палата пред годишниот Дипломатски прием.
Кејт Мидлтон овојпат за свеченоста ја носеше омилената тијара на принцезата Дијана која инаку ја добила како подарок од војводата од Кембриџ и ја носела на нејзината свадба: