Кои се сопругите на најбогатите мажи на денешницата?
- Детали
- петок, 02 декември 2016
Луѓето го имаат зацртано оној стереотип дека сопругата на богатиот маж секогаш е супермодел кој не прави ништо, освен што ги троши неговите пари. Но, дали ова е вистина?
Добро размислете откако подобро ќе ги запознаете сопругите на најбогатите мажи на денешницата.
Марк Закерберк и Присила Чен
Марк ја запознал својата сопруга уште кога бил студент на Харвард. Присила секогаш верувала во неговите идеи и сметала дека ќе успее. Парот се венчаше на 19-ти мај 2012-та во скромна, традиционална церемонија во сопствениот дом. На 2-ри декември станаа родители на ќеркичка.
Ворен Бафет и Астрид Mенкс
Ворен е еден од најпознатите инвеститори, а неговото богатство во 2016-та беше проценето на $70 милијарди. Тој ја запознал сопругата во 1970-та кога работела како келнерка. Разликата во годините изнесува точно 16 години, но и покрај тоа докажуваат дека љубовта не знае за препреки.
Бил и Мелинда Гејтс
Бил Гејтс моментално тежи $80 милијарди. Бил ја запознал својата сопруга во 1980-тата на конференција организирана од Microsoft, каде таа била вработена. Се венчале во 1994-та и имаат 3 деца.
Џеф и Мекензи Безос
Џеф Безос е основач на Аmazon. Неговото богатство се проценува на околу $60 милијарди. Тој ја запознал сопругата во 1992-ра година. Мекензи подоцна открила во едно интервју за Vogue: „Канцелариите ни беа една до друга и со денови на другата страна слушав прекрасна насмевка. Како да не се вљубиш?“
Амансио Ортега и Флора Перез Маркоте
Сопственикот на ланецот бутици како Zara, Massimo Dutti, Pull & Bear, Stradivarius, Bershka, Oysho тежи $70 милијарди. Флора работела како негова секретарка со години за во 2001-ва година да стапат во брак.
Бернар Арно и Хелен Mерсиер
Тој е сопственик на Dior, Givenchy, Lacroix, Kenzo, Sephora, Moёt & Chandon, Dom Perignon и уште неколку висококласни брендови, а својата сопруга ја запознал преку музиката. Бернар обожава класична музика, а Хелен е професионален пијанист. Парот се венчал во 1991-ва година и се родители на 3 заеднички деца.
Ричард и Џоан Бренсон
Основачот на Virgin Group ја запознал сопругата во продавница за антиквитети. Иако тогаш Џоан била во брак, тој ја чекал 1 година за да биде со него. Сега се во среќен брак со 2 деца.
М. Д. | Црнобело