Како изгледаат последните новогодишни декорации на Мишел Обама во Белата куќа? (фото)
- Детали
- среда, 30 ноември 2016
Мишел Обама за последен пат ќе ја декорира Белата куќа како прва дама, а за таа цел го најмила дизајнерот Брајан Рафанели да ѝ помогне.
Декорациите се направени со посебна намена, специјално за кампањата „Let’s Move!“ како дел од иницијативата „FLOTUS’s Let Girls Learn“ за да се овозможи слободно образование за сите девојчиња.
Минатата година, првата дама најми неколку дизајнери како Каролина Херера и Дуро Олову, а овојпат декорирањето беше препуштено само на Рафанели.
Декорациите се состојат од овошја и зеленчук за да се потенцира дека здравјето е најважно, а потоа и разно разни линијари, боички и моливи за да се потенцира главната тема по која е се направени декорациите.
Исто така, имаат инкорпорирано и орнаменти во 12 различни јазици.
Н. Г. | Црнобело