Сите нè расплака - Елен Деџенерис со солзи доби почесен медал од Барак Обама
- Детали
- среда, 23 ноември 2016
На Елен Деџенерис ѝ беше доделен Претседателскиот медал на слободата - највисоката цивилна чест која некој може да ја добие во САД.
Додека ја добиваше наградата од поранешниот претседател на Америка, Барак Обама, таа беше видно емотивна и допре до срцата на сите во просторијата и на социјалните мрежи.
Таа беше меѓу 21-номинираните, вклучувајќи ги и Том Хенкс, Мајкл Џордан, Бил Гејтс, Мелинда Гејтс и Дијана Рос, последната група на која Обама некогаш ќе ѝ го додели медалот.
Оваа награда, како што изјави претседателот, има за цел да укаже чест на „сите оние кои, без разлика од тоа каде доаѓаат, имаат можност да ја променат земјата на подобро“.
Солзите се пролеаја истиот момент кога беше повикана:
With tears in her eyes, @TheEllenShow is awarded a Presidential Medal of Freedom https://t.co/ArybYndUVo https://t.co/RtkbGsFZ5j
-->— CNN (@CNN) November 22, 2016
И продолжија да течат...
Доби прегратки од Обама и Роберт Де Ниро:
Н. Г. | Црнобело