Пејачката Анастасија гордо ги покажа лузните: Секоја од нив е знак на победа над ракот

Анастасија, покрај тоа што е неверојатно талентирана пејачка, таа е и неверојатно силна жена, која повеќепати успеа да извојува победа над една од најраспространетите болести на модерното време – ракот.

Anastasija-gordo-gi-pokazuva-svoite-luzni-sekoja-od-niv-e-znak-na-pobeda-nad-rakot-01.jpg

На 13 години ѝ била дијагностицирана Кронова болест, а двапати ѝ бил дијагностициран тумор на градите, заради што била принудена да направи двојна мастектомија во 2013 година.

Во интервјуто за магазинот „Fault“, таа гордо ги покажува своите лузни, зборувајќи за тоа како успеала да извојува победа над болестите и да најде сила да зборува за сето тоа.

„Моите лузни се дел од моето патување и потсетник за сите нешта низ кои поминав за време на мастектомијата“ – изјавува таа.

 

"My scars are part of my journey and a reminder of all the things I went through with my mastectomy" @Anastaciamusic discusses her long battle with cancer and regaining the femininity that it robbed from her on the latest issue of #FAULTMagazine⠀ ⠀ ⠀ Creative Direction & Styling by @rachelhollandland Words @miles_holder⠀ Photography by @andresdelara ⠀ Make-Up by @alexpriceglam @afrankagency ⠀ Hair by @karindarnell @afrankagency ⠀ Nails by @diana_lifestyle_beauty

A photo posted by FAULT Magazine (@fault_magazine) on

Преку фотосесијата за списанието, таа сака да му покаже на светот дека се гордее со своето тело и дека секоја лузна која ја оставила борбата против болестите, само ја потсетува колку е силна и издржлива.

Нејзините лузни се прикажани како еден вид уметност, а она кое таа сака да го презентира пред јавноста е важноста на превентивните прегледи, но и поддршка и охрабрување за сите луѓе кои се нашле во позиција како нејзината.

Нејзината приказна е доказ дека животот знае да биде навистина суров и да ни приредува секакви искушенија, но дека во ниту еден момент не смееме да се откажеме и да престанеме да се бориме за нашите соништа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg