Секси Ким Кардашијан се врати, маскирана како стомачна танчарка
- Детали
- вторник, 15 ноември 2016
Ноќта на вештерките одамна помина, но тоа не ја спречува Ким Кардашијан да се облече во костим.
36-годишната ријалити ѕвезда се облече како стомачна танчарка по желба на нејзината ќерка Норт Вест.
По нападот во Париз, речиси и да немаме можност да ја погледнеме на социјалните мрежи, но нејзината пријателка Стефани Шепард реши да ја објави оваа фотографија.
Стефани напишала: „Ким и јас го средувавме гардероберот со костими и наидовме на овој костим за стомачна танчарка. Норт ја натера да го проба бидејќи тоа ѝ е омилената боја. Изгледа неверојатно нели?!“
Кратката објава беше надополнета со фотографии од костимот кој Ким го носеше и во 2009-та година.
Ким повторно го облече својот омилен костим - Јасмин од анимираниот филм на Дизни од 1992-та година, Аладин.
Н. Г. | Црнобело