Славни личности кои возвратија на негативните коментари за тежината
- Детали
- вторник, 06 декември 2016
Ѕвездите, без разлика дали сме свесни или не, секојдневно се соочуваат со исмејување и навредување на социјалните мрежи.
Но, некои од нив успешно се спротивставуваат.
На пример:
1. Деми Ловато
Деми за Glamour изјави: „Кога ќе прочитам дека луѓе ме нарекуваат дебела на интернет, се насмевнувам и си велам, нема што да се направи околу тоа. Знам дека немам мускули, но едноставно така изгледам“.
2. Селена Гомез
На Инстаграм луѓето коментираа дека е дебела, а таа возврати со фотографија – „среќна сум со тоа како изгледам“.
3. Тајра Бенкс
Кога таблоид објави фотографии од Бенкс критикувајќи ја за нејзината тежина, таа возврати со коментар „Бакнете го мојот дебел задник“.
4. Кели Кларксон
ТВ ѕвездата Кејти Хопкинс коментираше: „Дали ги изела сите нејзини помошни пејачи?“, а таа возврати со тоа дека воопшто не ѝ пречи коментарот.
5. Ема Стоун
Таа еднаш изјави: „Цврсто верувам дека ниту еден коментар не може да влијае на нас, ако немаме таква перцепција за себе“.
6. Ким Кардашијан Вест
Еден таблоид после нејзината прва бременост коментираше дека премногу накачила тежина, а таа возврати: „Сите што имале дете знаат дека после бременоста тежината тешко се намалува“.
7. Мелиса Мекарти
Еднаш добила коментар дека изгледа како трактор, а таа возврати дека чувствува само жал за личноста која се чувствува толку лошо што мора да навредува други.
Н. Г. | Црнобело