Андреј(а) Пејиќ - Првиот транссексуалец прогласен за најзгоден женски модел
- Детали
- петок, 28 октомври 2016
Таа е транссексуален модел кој некогаш беше нарекувана од страна на списанието FHM како „суштество“, но тоа не ја спречи да продолжи да ги руши бариерите во светот на модата.
Андреја Пејиќ на 25 години ја освои наградата на списанието GQ за Женски модел на годината 2016 во Португалија.
„Ако требаше да мерам на скала, никогаш немаше да претпоставам дека некогаш ќе добијам GQ награда, но секако дека гордо ќе ја земев и ќе се фалев со неа на пријателите“ - напишала Пејиќ на Инстаграм.
„Голема благодарност до GQ Португалија! За оние кои не биле покрај мене извесен период, сакам да спомнам дека е навистина одлично што работите се промениа од 2011-та после ситуацијата со списанието FHM“ - додала.
За доделувањето на наградите, Андреја носи сако и мини здолниште на Balmain:
Н. Г. | Црнобело